ЈАВЕН КОНКУРС За

6-тиот Салон на стрип “Велес 2008 “

(14,15и 16 ноември 2008 )

Пропозиции:

  • Право на учество имаат сите стрип автори од сите земји во светот;
  • Должината на стрипот може да бие до 6 табли и да се испрати во квалитетна копија форма А4
  • Темата на стрип-делото е слободна
  • Текстот на стрипот може да биде на :македонски јазик (за авторите од Македонија), на јазиците на екс југословенските републики (за нив) или на англиски јазик
  • Секој автор може да учествува само со по еден стрип
  • На еден стрип може да работат повеќе автори
  • Секој учсник да испрарти :лична фотографија, кратка биографија со адреса,телефон, емаил како и година кога е стрипот направен
  • Сите пристигнати стрипови ќе бидат претставени на заедничка изложба на Салонот, и
  • Сите пристигнати стрипови Ќе бидат прегледани и оценети од 3 члена киомисија  која ќе додели следните

Награди:

  • Прва награда “Златен стрип” *
  • Втора и трета награда*
  • Награда за  сценарио 
  • Награда за најдобар млад автор до 18 г.(плакета)

*Напомена:Доколку се обезбедат парични награди)

Краен рок за пријавување е 01.Ноември 2008 г. , а стрипот треба да биде испратен на адреса: СТРИП ЦЕНТАР НА МАКЕДОНИЈА ул “Васил Горгов “ бр 78 , 1400 Велес, Р.Македонија (со назнака: за Конкурсот)