ФОРУМ НА ГРАЃАНСКО ОПШТЕСТВО: Регионален центар за заштита на животната средина за Централна и Источна Европа (РЕЦ) - Канцеларија во Македонија
Тема: Глобализација или Оддржлив развој за Македонија
Категорија: Панел Датум: 20.11.2003 Час: 18:30-20:00 Сала: А
Воведничари: Мргарита Матилевска, Катарина Стојковска – Директор на РЕЦ Македонија, Д-р Јосиф Таневски- Фармахем, Роберт Аткинсон – РЕЦ главна Канцеларија, Сентендре, Унгарија
Претседавач: Даниела Стојанова - ДЕМ
Краток опис на темата: РЕЦ обезбеди наменски фонд за НВО во Македонија за активности кои треба да придонесат за оддржлив развој на земјата, во следните две години. Расположливиот фонд е 50,000 евра годишно и наведениот форум би бил одлична можност за прво преставување на оваа финансиска програма. Трендот на глобализација е неодминлив процес на иднината, во кој незаобиколно е зафатена и Р.Македонија и неговото влијание може да игра клучна улога врз развојот на општественото уредување на нашата држава. Потребата од Национална Стратегија за Одржлив развој е неопходна и од неа ќе зависи успешната резлизација на транзициониот период низ кој поминува таа и интеграцијата во ЕУ. Таквата стратегија бара сериозен пристап и вклучување на сите релевантни субјекти во државата како Државните од една страна така и учеството на самите граѓани (НВО) од друга страна, во реализацијата на одржлив растеж и развој на нашето општество.
|
|