Нов проект за подобри мали и средни претпријатија

Поддршка на претприемништвото во Македонија

Македонската развојна фондација за претпријатија (МРФП), Македонската банка за поддршка на развојот (МБПР), Штедилница Можности, во соорганизација со Единицата за координација на проектите ИФАД при Ми­ни­стер­­ството за земјоделство, шу­­мар­ство и водостопанство, Министер­ството за економија, Фондацијата Институт отворено општество Маке­дони­ја (ФИООМ), СЕЕД и Фондот за кредитирање на мали и средни прет­при­јатија (Фонд МСП), на 11 мај, годи­нава во Скопје ги презентираа актив­ностите предвидени со проектот “Под­дршка на претпремништвото во Маке­донија”. Проектот ги доближува инфор­мациите до крајните корисници за изворите на средства за поддршка на претприемништвото и дава придонес во формирање соодветни услови за развој на МСП.

“Досега постоеше значителен географ­скиот дисбаланс на употреба на заеми за малите и средните претпријатиа. Многу поактивен беше вардарскиот регион, отколку пелагонискиот, охрид­скиот или полошкиот регион. Со спро­ве­дувањето на овој проект планираме да се доближиме до претриемачите од сите региони во Македонија и да видиме со кои проблеми се соочуваат тие при барањето или користењето на заеми”, изјави меѓу другото Сашо Клековски, застапник на МРФП, а минис­терот за економија, Стевче Ја­кимов­ски потенцираше:

 “Развојот на малите и средните претпријатија е многу битен за секое општество. Во западните земји тие учествуваат со 60 проценти во цело­куп­ното сто­пан­ство на зем­јата. Без ус­пешни мали и средни претпри­ја­тија не може да има ни успешни големи прептријатија”.

Проектот се промовира во 13 градови низ Македонија, започнувајќи од Бито­ла на 12 мај, а  следуваат и промоции во: Кавадарци, Струмица, Куманово, Велес, Кочани, Тетово, Гостивар, При­леп, Охрид, Гевгелија, Штип, со завршна презентација во Скопје. Вак­виот пристап претставува мал придонес во намалувањето на деба­лансот кој постои во регионалната дистрибуција на кредитите и другата поддршка на претприемништвото во Македонија. Организаторите, за таа цел, подготвија публикација, која го носи истиот наслов на проектот - “Поддршка на претпремништвото во Македонија”, во која се презентирани  кредитни линии и други финансиски услуги, фи­нан­сиски институции пре­ку кои се спроведуваат лини­ите, како и  програми и проекти во делот на не­финан­сиски услуги, но и вклучени консултанти во одделни кредитни линии.

Публикацијата ќе биде дистрибуирана за време на презентациите и има за цел да им го олесни пристапот на претприема­чите до сите извори кои значат поддршка на прет­приемништвото во Маке­донија.

Д.М.