Предговор
 

Драги читатели,

Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС) започнува со издавањето на Граѓански практики.

Граѓанските практики се резултат на нашето (и на МЦМС и на граѓанскиот сектор) трагање по наше “домашно” разбирање на граѓанското општество.  Трагањето по одомаќени концепти и практики на граѓанското општество е резулатат на свеста дека граѓанските организации и иницијативи  се делотворни само ако се домашна сопственост и ако се вкоренети во општеството.

Првите чекори МЦМС ги направи во 2001 година со замена на поимот невладини организации со граѓански организации. Таа година е издаден “Адресарот на граѓански организации во Макредонија” (ИВ издание). Таа година започна и издавањето на месечното списание за граѓанското општество Граѓански свет. Во 2002 година е издадено првото издание на “Проекти на граѓанските организации во Македонија”.

Оваа, 2003 година, го започнуваме издавањето на “Граѓански практики”. Граѓанските практики треба да ја поттикнат и да ја поддржат изградбата на одомаќени концепти и практики на граѓанското општество во Македонија.

Граѓански практики ќе излегуваат тримесечно. Секој број ќе содржи носечка/и те­ми и други теми. Изборот на носечките теми го врши МЦМС. Изборот на теми и автори е извршен преку јавен конкурс за да се овозможи пристап на широк круг теоретичари и практичари.

Првиот број е посветен на темата “100 години македонска државност - граѓанските иницијативи низ тој период”. Тоа е наш прилог во одбе­лежу­вањето на 100 години македонска државност и кон трагањето по корените на граѓанските организации и иницијативи во Македонија.

 

 

Сашо Клековски

Извршен директор