НВО И СОВЕТ НА ЕВРОПА

Правила за партиципативниот статус на меѓународните НВО во Советот на Европа

1. Советот на Европа може да воспостави работни односи со меѓународните НВО доде­лувајќи им партиципативен статус

Услови кои треба да ги исполнуваат МНВО

2. Партиципативниот статус може да го додели Советот на Европа на МНВО:

   а. кои се особено претставителни на полето (полињата) на нивните надлежности, по­лињата на дејствување, заеднички со Советот на Европа;
   б. кои се претставени на европско ниво, односно, кои имаат членови во значителен број земји во поширока Европа;
   в. кои се во состојба, преку работата, да го поттикнат достигнувањето на потесната унија спомената во членот 1 од Статутот на Советот на Европа;
   г. кои можат да придонесат и активно да учествуваат во советувањата и активностите на Советот на Европа;
   д. кои можат да ги запознаат граѓаните на Европа со работата на Советот на Европа.
 

Модалитети на соработка

3. МНВО со партиципативен статус можат да бидат поканети да бидат претставени од Комитетот за врски или тематските групи на настани кои ги организира Генералниот секретаријат.

4. Управните комитети, комитетите на владините експерти и другите тела на Министерскиот комитет можат да ги вклучат МНВО коишто уживаат партиципативен статус во дефи­нирањето на политиките, програмите и актив­ностите на Советот на Европа, особено давајќи им статус на набљудувачи во Комитетот за врски и во тематските групи на МНВО во согласност со условите од резолуцијата (76) 3 на Минис­терскиот комитет.

5. Комитетите на Парламентарното собрание и на Конгресот на локалните и регионалните власти на Европа се поканети да ги проучуваат начините на интензивирање на соработката со МНВО и да го овозможат нивното учество во тематските групи, со цел да се обезбеди нивната експертиза.

6. Комесарот за човекови права исто така се поттикнува да одржува блиска соработка со МНВО коишто имаат партиципативен статус.

7. Понатаму, земајќи ја предвид нивната улога како советници по прашањата што се однесуваат на граѓанското општество, генералниот секретар може да се консултира со МНВО, со Комитетот за врски или со тематските групирања на МНВО, писмено или усно по прашања од заеднички интерес.

8. МНВО коишто уживаат партиципативен статус:

   а. можат да упатуваат меморандуми до гене­ралниот секретар за пријавување во горе­споменатите комитети, како и до комесарот за човекови права;
   б. може да бидат поканети да обезбедат, преку нивната специфична активност или искуство, експертски совет за политиките, програмите и активностите на Советот на Европа;
   в. ќе ја добијат агендата и јавните документи на Парламентарното собрание со цел да им се овозможи/олесни присуството на јавните заседанија на Парламентарното собрание;
   г. ќе бидат поканети на јавните заседанија на Конгресот на локалните и регионалните власти на Европа;
   д. ќе бидат поканети на активностите орга­низирани за нив од страна на Секре­таријатот;
   ѓ. ќе бидат поканети да присуствуваат на семинари, конференции, разговори од интерес за нивната работа согласно при­менливите правила на Советот на Европа.

9. МНВО коишто уживаат партиципативен статус се обврзуваат:

   а.  редовно ќе се информираат за активностите на Советот на Европа, како и развојот на стандардите со помош на бројните извори на информации коишто им се достапни, вклучувајќи го и интернетот;
   б. да достават спонтано или по барање на различните тела на Советот на Европа информации, документи или мислења поврзани со нивното(нивните) поле(полиња) на надлежност по прашањата кои се раз­гледуваат или кои би можеле да бидат третирани од Советот на Европа;
   в. да работат на промоција на почитувањето на стандардите, конвенциите и правните инструменти на Советот на Европа во земјите-членки и ќе помагаат во имплементирањето на овие стандарди, сето тоа во тесна соработка со локалните, регионалните и националните НВО;
   г. да им дадат максимален публицитет на иницијативите и достигнувањата на Советот на Европа во нивните полиња на надлежност;
   д. редовно ќе ги шират информациите за стандардите, инструментите и активностите на Советот на Европа, како и информациите од МНВО, тематските групирања на нивните членови и ќе обезбедат нивна активна работа со цел да ги исполнат барањата на парти­ципативниот статус;
   ѓ.  да поднесуваат извештај на секои четири години до генералниот секретар во кој ќе го појаснат:
          - нивното учество во работата на различните тела на Советот на Европа (види ги параграфите 4 и 6 од овој додаток), капацитетот со кој при­суствуваат, како и нивниот придонес;
          - нивното присуство на настаните коишто ги организира Генералниот секретаријат, капа­цитетот со кој присуствуваат, придонесот што го даваат и сите последователни дејства;
         - нивното присуство и придонес на состаноците на тематските групи на МНВО;
         - која било средба којашто тие самите ја организирале, особено оние на кои се одне­сувале на промоцијата на целите, стан­дардите и правните инструменти на Советот на Европа;
         - кои било акции на коишто се отпочнале со цел да се обезбеди почитување на стандардите на Советот на Европа и јавно претставување на неговата работа.

(продолжува во наредниот број)