Албанија
Светска банка одобри 17,5 милиони УСД за чистење на албанското крајбрежје
Економскиот совет на Светска банка одобри грант од 17,5 милиони УСД, кои ќе бидат употребени за чистење на крајбрежјето на Албанија. Целта на проектот е да се зачуваат природните ресурси на Јадранското Море, културното богатство, како и да се промовира стабилниот развој на крајбрежјето. Вкупниот буџет на проектот е проценет на 38,6 милиони УСД, кои ќе бидат финансирани од различни извори.
Холандската влада ќе донира грант од 3,11 милиони УСД, Европската комисија 5,2 милиони УСД, Австриската влада 2,6 милиони УСД и Владата на Јапонија 2,23 милиони УСД. Мала контрибуција од 950.000 УСД ќе биде финансирањето од Асоцијацијата за животна средина “Глобал енвајроемнт фасилити” (Глобал Енвиронмент Фацилитѕ) и од Владата на Албанија, која ќе биде партнер во овој потфат и ќе обезбеди 7,97 милиони УСД од државниот буџет.
Овој проект е уште една експанзија на поддржаните проекти на Светска банка во албанското крајбрежје, вклучувајќи ирогација, дренажа, раководење со водни ресурси, развој на пристаништа, водоснабдување, урбано планирање и развој на локалната заедница. Проектот ќе биде корисен за развој на туризмот на албанското крајбрежје.
Г.Ш.
|