Изјави од посетителите на НВО саемот
 

Адем Шарафи, наставник по македонски јазик во основното училиште Саит Најдени во Дебар

“Дебар е слепо црево во Македонија и поради тоа посебно ја цениме приликата што ни е укажана да го посетиме овој настан. Јас и моите колеги денес донесовме пеесетина деца од основните и од средното училиште во Дебар. На Саемов има што да се види, земавме од презентираните материјали . Дел од работењето на граѓанските организации ми е познат преку активностите на организацијата Месечина која е една од најактивните во Дебар.”
 

Албана 12 години, Дебар

„Многу ми се допадна НВО Саемот, видов интересни работи и земав некои материјали кои дома ќе ги прочитам. Не сум била активна до сега во ниту една граѓанска организација но би сакала, мислам дека тоа е нешто добро“.


Ивана 14 години, Куманово

“Прв пат сум на овој саем, дојдов заедно со другар ми, неговиот татко не донесе. Не е лошо, ги посетив штандовите на организациите што работат со деца, земав некои проспекти. Не сум имала прилика да разговарам со активисти на граѓански организации но би била волонтер во граѓанска организација ако тоа што го работат е добро и интересно”.
 

Адријана, 18 години, Скопје

Минатата година учествував во подготовките на штандот на Сојузот на извидниците, а оваа година сум само посетител. Досега успеав да ја видам само третата хала и бев на панелот: “Улогата на меѓународните студентски организации во процесот на евроинтеграцијата на високото образование во Македонија. Со оглед на тоа какви ни се можностите мислам дека Саемов е о.к. Имам некои забелешки но тоа се идивидуални размислувања. Мене и на моите пријатели ни е блиска идејата на граѓанско организирање. Разговараме за тоа, посебно на часовите по филозофија не поттикнуваат да размислуваме И разговараме за таквите идеи. Мислам дека би моеле да се вклучиме активно во некоја граѓанска организација.”