Африка

Основана Информативна мрежа на граѓанското општество - АЦП-ЕУ 
 

Информативната мрежа на граѓанското општество - АЦП-ЕУ (Африка, Карибите и Пацификот и Европската Унија) беше основана како дел од тековниот проект АКП - Форум на граѓанското општество, со цел да се олесни размената на информации меѓу широкиот сектор на актери од граѓанското општество од АКП (Африка, Карибите и Пацификот) и од ЕУ, како и да се изградат потребните капацитети.

Информативната мрежа е на електронска база и опфаќа месечен информатор, форуми, база на податоци на партнтнерите и други интересни публикации. Форумот започна да функционира во 2001 год. како обид на актерите на граѓанското општество од ЕУ и од земјите од АКП кои се залагаат за соддветна, демократска и транспарентна рамка на Договорот за партнерство на АКП-ЕУ, кој во принцип ги задоволува потребите на земјите од АК, придонесува за искоренување на сиромаштијата и ја зголемува економската мош на луѓето во горенаведените земји.

За повеќе информации во врска со мрежата и граѓанското општество во земјите од АКП, посетете го порталот http://acp-eu.euforic.org/civsoc/.