Во Ресен
Нови простории за Центарот за поддршка на заедницата
Центарот за поддршка на заедницата од општината Ресен доби простории за работа во зградата на Младинскиот културен центар (ул. „Христо Герасовски” б.б.). Советот на општината донесе одлука да му ги додели просториите на Центарот на неопределено време (минимум четири години), а реновирањето на просториите финансиски го поддржа ФИООМ. Свеченото отворање на просториите се одржа на седми март 2007 година во Ресен, а работата на Центарот ја поздравија Димитар Бузлевски, градоначалник на општината Ресен, Слободанка Марковска, претседателка на Управниот одбор на ФИООМ и Снежана Манчева, претставник од Секретаријатот за европски прашања во Владата на Република Македонија.
М.И.
|
|