Марш на еднаквостa
 

На повик на група невладини организации повеќе од илјада луѓе денес учествуваа во „Маршот на еднаквоста“ во Скопје. Маршот се одржа по повод Светскиот ден на Ромите, 8-ми Април. Маршот започна од Градскиот парк, покрај Владата на Република Македонија, Собранието и заврши на Плоштадот Македонија.

 

Одбележувањето на Светскиот ден на Ромите започна на четврти април со отварањето на изложба на фотографии од Ромите во Македонија во Чифте Амам, продолжи на 7 април со одржувањето на трибина под наслов „Дали децата на улица се наш заеднички проблем“. Кампањата ќе заврши со два форумски настани: „Пристапот и проодноста на образованието за Ромите“ и „Ромите и Рамковниот договор“. Целата кампања се одвива под мотото „Сите сме едно“.