Пријавете се на работилницие за
ЗАЈАКНУВАЊЕ НА ПРИСТАПОТ НА НВО ДО СРЕДСТВАТА ОД ДРЖАВНИОТ БУЏЕТ
Одделението за соработка со невладините организации при Генералниот секретаријат на Владата на Републкика Македонија објавува јавен повик за пријавување на учество на работилници на тема: Зајакнување на пристапот на невладините организации до средствата од државниот буџет. Ќе бидат одржани седум работилници во шест градови во Македонија.
 Република Македонија ВЛАДА НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА Генерален секретаријат
Објавува:
Јавен повик за пријавување на учество на работилници на тема:
Зајакнување на пристапот на невладините организации до средствата од државниот буџет
Работилниците се во организација на Одделението за соработка со невладини организации
Генерален секретаријат на Владата на Република Македонија со поддршка од Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ) – Набљудувачка мисија во Скопје.
Работилниците се наменети за претставници на здруженија на граѓани и фондации со цел да бидат обучени и запознати со Кодексот на добри практики за финансиска поддршка на здруженија на граѓани и фондации ("Службен весник на РМ" бр. 130/07) и со начинот на пополнување на пријава со придружните обрасци за добивање на финансиска поддршка на проектни активности од Буџетот на Република Македонија.
Одделението за соработка со невладини организации при Секторот за анализа на политики и координација предвидуваа реализирање на 7 еднодневни работилници на регионално ниво и тоа на:
- 15 октомври 2008 - Гостивар,
- 29 октомври 2008 - Прилеп,
- 30 октомври 2008 - Охрид,
- 05 ноември 2008 - Штип,
- 06 ноември 2008 - Струмица,
- 25 ноември 2008 - Скопје и
- 27 ноември 2008 - Скопје.
Основен критериум кој треба да го исполнуваат здруженијата на граѓани и фондации кои ќе се пријават за учество на работилница е:
Да се регистрирани според Законот за здруженија на граѓани и фондации; Здружението на граѓани или фондацијата може да поднесе апликација за учество за само една работилница од предвидените. Од секоја граѓанска организација ќе може да учествува само по еден претставник.
Предвидено е секоја од работилниците да има по 100 учесници. Селекција на учесниците ќе врши Одделението за соработка со невладини организации, при што приоритетот се обезбедува со датата на пристигнување на апликацијата.
Последен датум за поднесување на апликацијата за учество е 24 септември 2008 година.
Потребната АПЛИКАЦИЈА која здружението на граѓани / фондацијата треба да ја достави за учество на работилница може да се преземе од интернет страната на Одделението за соработка со невладини организации www.nvosorabotka.gov.mk како и да се подигне од архивата на Генералниот секретаријат на Владата на Република Македонија.
Потполнетата апликација за учество на работилница се поднесува до Одделението за соработка со невладини организации и тоа на електронската адреса nvosorabotka@gs.gov.mk , во архивата на Владата на Република Македонија до 19 септември 2008 година до 16 часот (со назнака - Одделението за соработка со невладини организации – Пријава за работилница) или по пошта на адреса:
Влада на Република Македонија Генерален секретаријат Одделение за соработка со невладини организации Бул. Илинденска бб 1000 Скопје Република Македонија
На здруженијата на граѓани или фондации ќе им биде испратена официјална покана за работилница со програма за одржување по писмен пат во рок oд 10 дена од денот на извршената селекција.
Трошоците за одржување на работилниците се на товар на организаторот. Не се покриваат трошоците за превоз.
Прашања за појаснување може да се поставуваат писмено или по телефон до Одделението за соработка со невладини организации
Тел: (02) 3 118 022, лок. 202, 214, 215, 344
Е-маил адреса: nvosorabotka@gs.gov.mk
Напомена: Пријавите кои не се во форма на бараната Апликација или по истекот на предвидениот рок нема да се разгледуваат! |