Здружение на уметниците ракотворци ‘’Македонски ракотворби” – БИТОЛА
Презентација на вредностите на македонската култура и традиција
Здружението на уметниците ракотворци “Македонски ракотворби” од Битола минатиот месец ја прослави годишнината од своето постоење.
Во 12-те месеци постоење здружението спроведе голем број активности, обидувајќи се да & го предочи на јавноста богатството на македонската култура и традиција.
“Истражувањата на терен, регрутацијата на ракотворци, изработката на ракотворби, нивната презентација и афирмација, организирањето школи за пренесување на умешноста се нашите цели, нашите задачи, нашите причини за постоење”, вели Наташа Николоска од “Македонски ракотворби”. “Македонски ракотворби”, нудат можност преку своите дела да презентираат едно цело богатство на македонски ракотворби: макети на цркви и стара градска архитектура, кукли во македонски народни носии, плетени чорапи со фолклорни мотиви, кошули со македонски народен вез, резби, икони, слики со бакрорелјеф, масло на платно, интарзија, сликана ќерамика со фолклорни мотиви и мозаици, народни инструменти, дрвени сувенири, накит од монистра и друго, инспирирани од богатството на македонската култура и традиција.
“Македонски ракотворби” реализираа значаен број изложби, меѓу кои изложба по повод 2 Август, организирана во соработка со хотелот “Молика”, изложба во соработка со општината Битола и со Универзитетската библиотека “Св. Климент Охридски”, по повод 60 години од ослободувањето на градот, изложба во соработка со Асоцијацијата на туристичките агенции на Македонија, изложба на македонски ракотворби по повод христијанскиот празник Прочка, со аукција и продажно-донаторски карактер, организирана во соработка со општината Битола и со библиотеката “Св. Климент Охридски”. Средствата беа наменети за збогатување на детската библиотека.
Не можеме да ги споменеме сите активности на “Македонски ракотворби”, но можеме да ве упатиме на вистинската адреса за тоа: rakotvorbi@mt.net.mk; www.rakotvorbi.org.mk
Н.Н/Г.Ј
|