На првите “Бели ноќи” во Скопје

Доделени награди на ОН за новинарство и фотографија

По повод Меѓународната недела за намалување на сиро­ма­ш­ти­ја­та, која се одржа од 17 до 24 октомври 2005 година, од стра­на на Канцеларијата на постојаниот претставник на УНДП во Маке­до­нија, беа доделени награди на Обединетите нации за новинарство и фотографија на теми коишто ги обработуваат пра­ша­ња­та на си­ро­маштијата во земјата. Наградите беа доделени во рамките на манифестацијата “Бели ноќи” во Скопје на 22 октом­ври,  со која за првпат на овој начин беше од­бе­лежан Денот на ОН - 24 Октомври, а на­едно и 60-годишнината од постоењето на Обединетите нации.

На­градите за новинарство од печатените медиуми им беа доделени на новинарот Хусамедин Гама - прва награда (1.000 американски долари) за текст објавен во весникот “Време”, под нас­лов “Детски труд за корка леб - злоупотреба или потреба”, на новинарката Даниела Тр­п­чев­ска - втора награда (750 долари) за текст објавен во “Утрински весник”, со наслов “Продавам орден за храброст за пар­че леб” и на но­винарот Тодор Стој­­чев­ски - трета на­­града (500 долари) за текст објавен во магазинот “Ентер”, со нас­лов “Интернет на штипски начин”. Кај електронските медиуми првата награ­да за најдобар ТВ прилог (1.000 дола­ри) за прилогот објавен на ТВ А1 со наслов “Ивица Митровиќ сам ги издржува болни­те родите­ли” ја доби новинарката Маја Јовановска, додека првата награда за радиоприлог во вредност од 500 долари ја до­би Милихате Фазлија, новинарка на “Ра­дио Вати”. Првата награда за фотографија во вредност од 1.000 долари ја доби фоторепортерот Роберт Јаки. 

 Т.Д.