Регионална партнерска програма
Развој на свеста/образованието и развој на соработката
Регионалната партнерска програма (РПП) е тригодишна програма иницирана од страна на Платформите на НВРО (невладини развојни организации) од Австрија, од Република Чешка, од Унгарија, од Словачка и од Словенија. Нејзина основна цел е зајакнување на капацитетите и видливоста на развојната соработка во секоја од гореспоменатите земји, како и подобрување на нивното мрежно работење (вмрежување). Доколку сте зантерсирани за изготвување пилот-проекти за развој на свеста/образованието и развој на соработката, можноста за учество е отворена до 31 октомври. Проектите треба да се однесуваат на Милениумските развојни цели, како што се искоренување на екстремната сиромаштија и гладот, постигнување универзално основно образование, промовирање на родовата еднаквост и еманципацијата на жените, намалувањето на смртноста кај децата, подобровање на здравјето на мајките, гарантирање еколошка стабилност, како и развој на глобално партнерство за развој.
Максималниот грант за еден проект е 15.500 евра за проекти за развој на свеста/образованието и 22.500 евра за проекти за развојна соработка. Сите земји од Југоисточна Европа се подобни за доставување предлог-проекти во партнерство со Платформите на НВРО од претходноспоменатите земји.
За повеќе информации во врска со Милениумските развојни цели, посетете ја веб-страницата на МГД (Милленниум Девелопмент Гоалс): њњњ.ун.ор/милленниумгоалс/. Доколку сакате, пак, да дознаете повеќе во врска со повикот за аплицирање, посетете ја страницата на ТРИАЛОГ: њњњ.триалог.ор.ат или контактирајте со координаторот на РПП, Елизабет Шмид на: elisabeth.schmid@eu-platform.at.
Т.Х.А.
|