ФОРУМ НА ГРАЃАНСКО ОПШТЕСТВО: Фондација Институт отворено општество – Македонија
Тема: Културните ресурси за локален развој
Категорија: Панел Датум: 20.11.2003 Час: 18:30-20:00 Сала: В Воведничари: Иван Додовски, Програма “Живо наследство”, ФИООМ и Фондација Крал Бодуен, Кирил Чавков, градоначалник на општина Ново Село, проект “Смоларски водопад”, Семије Баланца, Дом на култура, Дебар, Ана Ефремова – проект Развој на општините преку културата (Светска банка и Министерство за култура), Аце Коцевски, градоначалник на Велес, развој на културните капацитети во Велес, Ристо Палигора, с. Маловишта, Битола, проект “Маловишта – традиција што трае” Претседавач: Катерина Богоева
Краток опис на темата: Децентрализацијата не е закана, туку шанса за локален развој, локалните заедници ќе треба да управуваат со сопствените ресурси. Како локалните културни ресурси (културно-историско, природно, материјално и духовно наследство) и човечките потенцијали можат да се стават во функција на економски и социјален развој? Неколку проекти спроведени преку програмата “Живо наследство” на ФИООМ и Фондацијата Крал Бодуен од Белгија можат да послужат како модел.
|