Данска

Правата на жените на дневен ред

Ула Торнес, данската министерка за развојна соработка, ја основа Мрежата на шампионите - МРЦ3 што ја сочинуваат меѓународни истакнати политичари, лидери во јавниот и во приватниот сектор и претставници на медиумите и на граѓанското општество. Нивната актуелна кампања - МРЦ3 “Глобален повик за акција” се фокусира на Третите милениумски развојни цели  за еднаквост на половите и економска еманципација на жените. Генералниот секретар на Данската црковна помош, Хенрик Стубкер, е исто така дел од Мрежата на шампионите МРЦ3. За повеќе информации, посете ја веб-страницата www.danchurchaid.org.