Во Старата скопска чаршија

Отворен Детскиот театарски центар 

Детскиот театарски центар кој во јавноста по своите активности е познат од 1999 година кога започна како брз оперативен про­ект за  намалување на стресот кај децата бегалци од Ко­сово, на крајот на септември ја доби и својата зграда, своето се­диште во Старата скопска чаршија (во објектот на старото кино Напредок). На отворањето на впечатливиот објект каде што отсега ќе се реализираат бројни активности на Центарот, при­суствуваа голем број  учесници во проектите, деца и младинци, но и постари почитувачи на идејата за формирање куќа на културата каде што нема да се почувствува разли­ка во јазиците, обичаите, куќа во која како што велат организаторите, ќе се слеваат сите различности во едно, што впрочем и било мотото на Старата чаршија низ вековите.

Од 1999 година до денес Детскиот тетарски центар реализирал над 20 проекти кои ги анимираат де­цата , младите  и  голем број уметници бегалци, уметници од Македонија и странство. Меѓу про­ек­тите се издвојуваат “Деца, театар и образование”, кој се реализира преку: улични приказ­ни, ра­ботилници за драмски писа­тели и летна школа за театар и едукација, а во соработка со “Потрага по заед­ничка основа”, а ги ре­ализира и “На­ше маало театар” и “Дет­скиот куклен театар”.  

К.Б.