СОЖМ

Членка на Меѓународниот совет на жените

Од 1 до 5 септември оваа година, во Перт, Австралија, се одржа Генералното собрание на Меѓународниот совет на жените (International Council of Women-ICW).

Сојузот на организациите на жените на Република Македонија (СОЖМ) на ова Генерално собрание беше примена како рамноправен член на Меѓународниот совет на жените, односно како Национален совет на жените на РМ. Од балканскиот регион СОЖМ е прва женска организација која е членка на “ICW”.

На Генералното собрание беа избрани членовите на телата на Меѓународниот совет на жените и беа усвоени повеќе резолуции. Новата претседателка на Советот е Анама Тан од Националниот совет на Сингапур. Беше одржана и конференција на која учество зедоа претседателката на СОЖМ, Савка Тодоровска и професорката Слободанка Марковска.

Меѓународниот совет на жените е една од најстарите невладини организации во светот којашто досега вклучува национални комитети од 63 земји од целиот свет. Оваа организација е формирана во 1888 год. во Вашингтон, а денес секретеријатот се наоѓа во Париз. Мисијата на Советот е мир, еднакви права, образование и обврски за жените и мажите, искоренување на дискриминацијата на жените, признавање на вредностите од работата на жените и нивниот придонес во општеството, човековите права и целосно учество на жените во јавниот живот.

Г.Ш.