КХЗТ “ЧЕЛЕБИЈА” – БИТОЛА

Етно културата на Битолската чаршија

Од 13 до 27 август годинава, во Уметничката галерија „Јени Џамија“, беше поставена изложбата „Етно култура на Битолската чаршија“.

На изложбата беа презентирани оригинални фотографии и експонати кои го прикажуваа стопанскиот и мултиетничкиот живот на градот од крајот на 19 до почетокот на 20 век, кога Чаршијата претставувала центар за заедничко живеење на различните култури и народи: Македонци, Турци, Евреи, Власи, Арбанаси, Роми и други, кои делу­вале во комплексот преку „Евреј­ската“, „Влашката“, „Стамбол чар­шијата“...

Изложбата е дел од проектот „Битола, бабам Битола II“, кој го спроведува Културното и хуманитарно здружение на Турците „Челе­бија“ од Битола во партнер­ство со Заводот, музеј и галерија – Битола.

Проектот е дел од Програмата за подо­брување на меѓуетничките односи, под­држана од ФИООМ, Фондацијата Крал Бодуен, Фондацијата Чарлс Стјуарт Мот и Фондацијата Аллавида.

Г.Ш.