Еконет Објавува
ПОВИК
за избор на претставници на здруженијата на граѓани активни во полето на животна средина во Секторскиот комитет за следење на Оперативната програма за регионален развој при Министерство за животна средина и просторно планирање на Република Македонија
На 12.5.2008 г. (понеделник) во просториите на Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС) се одржа состанок за утврдување на процесот за избор на претставник и негов заменик во Секторскиот комитет за следење на Оперативната програма на за компонентата III од ИПА за регионален развој.
На овој состанок беa дефинирани критериумите и механизмите според кои ќе бидат избрани двајца претставници од здруженијата на граѓани кои работат во областа на животната средина (член и заменик член) во Секторскиот комитет за следење на Оперативната програма за Регионален развој (III компонента од ИПА Инструментот) на МЖСПП.
Секое здружение на граѓани чија што дејност е заштита и унапредување на животната средина има право да номинира кандидат, да ја пополни пријавата и да ја достави до Верификациската комисија на е-пошта komisija@zeleni.org.mk или по факс 02/3179-456, заклучно со 15.5.2008 г., (четврток) до 12 часот. По овој рок се отпочнува со гласање, а секоја организација може да гласа само еднаш и само за еден кандидат. Гласањето трае до 19.5.2008 г. (понеделник) до 12 часот, а потоа ќе бидат објавени резултатите. Целиот процес ќе биде транспарентен и ќе се одвива на порталот на Еконет.
За подетални информации може да го погледнете повикот до здруженија на граѓани и записникот од состанокот.
Повик за здруженија на граѓани од животна средина
Записник од состанокот на здруженијата на граѓани
Пријава за кандидатура |