Награда за меѓународен развој „Крал Бодуен“
Повик за номинации за наградата за меѓународен развој „Крал Бодуен“ за 2004-2005
25 октомври 2003
Драг/а господине/госпоѓо
Задоволство ни е да ве поканиме да номинирате кандидат за Наградата за меѓународен развој „Крал Бодуен“ за 2004-2005, која ќе се додели на почетокот на 2005 во Кралската палата во Брисел.
Од 1980 година, со Наградата за меѓународен развој „Крал Бодуен“ се доделуваат 150.000 евра на секои две години, на поединци или организации за одржливи достигнувања за подобрување на животот на луѓето во земјите во развој. Но, наградата не е само финансиска поддршка. Наградата пред се’ е дизајнирана за да ја подигне свеста на оние кои ги донесуваат одлуките и на пошироката јавност по прашања кои го заслужуваат нејзиното внимание.
Изборот кој му е доделен на независно жири, го нагласува повеќекратниот ефект на иницијативите, а можностите кои им ги даваат на луѓето им служат за да имаат контрола врз нивниот развој. Претходни добитници на Наградата се поединци и организации од разни полиња на дејствување, вклучувајќи микрокредитирање, ХИВ/СИДА, земјишни реформи, човекови права и сертификати на „fair trade products“.
Номинациите треба да пристигнат најдоцна до 1 февруари 2004. За повеќе информации во врска со поднесувањето на биографиите на кандидатите, посетете ја веб-страницата www.kbprize.org. Можете исто така да ни пишувате на веб-адресата info@kbprize.org, или да не’ побарате на телефонот +32 2 549 0273. Пријавите од индивидуални лица кои самите конкурираат за Наградата или како кандидат ја наведуваат организацијата во која активно членуваат, нема да се земат предвид.
Однапред ви благодариме за вашата љубезна помош.
Искрено Ваш,
Лук Тајарт де Борм (Luc Tayart de Borms) управен директор на фондацијата Кинг Бодуен
и
Д-р Питер Пиот (Peter Piot) претседавач на Комисијата за избор на наградата и извршен директор на УНАИДС |