Фондацијата Крал Бодуен
Две децении работа на културното наследство
Белгиската Фондација Крал Бодуен (ФКБ) имаше специјална прослава - 20 години од лансирањето на првата кампања за културното наследство. Во текот на летово, во Кралската палата во Брисел, Фондацијата организира изложба на која беа презентирани над 4.000 проекти од областа на културното наследство, кое било заштитено или промовирано преку активности на Фондацијата, а спонзорирани од низа јавни и приватни донатори. Културното наследство е една од темите во кои ФКБ беше ангажирана во текот на своето работење. Фондацијата беше основана во 1976 година, по повод 25-годишнината од владеењето на белгискиот крал Бодуен. Оттогаш, таа работи во Белгија и на меѓународно поле, со посебен фокус на Југоисточна Европа, и на релациите на Европа и трансатлантските региони. При реализирањето на својата мисија – да работи за подобро општество, Фондацијата е ангажирана во областите миграции и мултикултурно општество, сиромаштија и социјална правда, граѓанско општество; здравство, филантропија, а посебно е фокусирана на Балканот и на Централна Африка. Повеќе информации за работата на Фондацијата можат да се добијат на нејзината веб-страница: њњњ.кбс-фрб.бе. М.И.
|
|