Србија и Црна Гора
Прогласен нов систем на етичкото новинарство
Истражувачката група на Советот за печат, основана со помош на УНЕСКО, го прогласи Новиот систем на етичкото новинарство во Србија. Декларацијата е прогласена на редовната месечна конференција за новинарите.
Советот во минатите осум месеци ги набљудуваше пишувањата на сите важни дневни весници и неделни часописи, за да утврдат до која мера во овие редакции се почитуваат прифатените етички норми, стандарди и професионализмот. Резултатите од мониторингот покажуваат дека српскиот печат оди назад, со клеветење, лаги, ширење омраза, ксенофобија и други практики коишто би биле карактеристични за известувањето во текот на владеењето на Милошевиќ.
Ваквите резултати ги наведоа членовите на Советот за печат да упатат итен апел до сите професионални здруженија на новинари, до Министерството за култура на Србија и до главните уредници на најзначајните новински изданија во земјата повторно да им се посветат на демократските вредности, на етиката и на професионализмот. Советот наведе одржување тркалезна маса во текот на месецот, каде што ќе се бара итно усвојување на Единствениот етички кодекс за новинари и формирање совет за медиска етика, којшто би го спроведувал новиот етички кодекс.
Г.Ш.
|