СЕМИНАР ВО ХАРВАРД

Меѓународно хуманитарно право

Во организација на Меѓународниот комитет на Црвениот крст (ИЦРЦ), на Програмата за хуманитарна политика и разрешување на конфликити (ХПЦР) и на Харвардскиот колеџ за право при Универзитетот Харвард, САД, од 22 до 25 јули годинава, на овој колеџ ќе се одржи тренинг-семинар за базичните кон­цепти и структура на меѓународното хума­нитарно право.

Тренингот ќе опфати дискусии за пре­диз­виците на меѓународното хуманитарно право во неодамнешните конфликти што се случија ширум светот, како и куса претставување на проблематиката, проследено со  експертски презентации. Учесниците треба да имаат познавање од областа на правото. За по­де­тал­ни информации, обратете се на орихлсеминарЖхспх.харвард.еду.

М.И.