Хуманитарна изложба
Детска компјутерска графика
На Светскиот ден на музеите, на 18 мај, во Музејот на современа уметност во Скопје, Друштвото за компјутерски активности “Алгоритам центар” организира хуманитарна изложба на тема “ Детска компјутерска графика”, заедно со Детската градинка “Кочо Рацин”, ОУ “Ј. Х. Песталоци” и Специјалното училиште “Златан Сремец”. Беше презентирана креативната моќ на сите деца кои своите графики од изложбата ги подарија на децата со пречки во развојот и на клиничките центри.
Средствата од посетителите на изложбата беа искористени за врамување на цртежите, а за возврат, како поклон, тие добија графики.
Алгоритам центарот донира и компјутер за децата од Специјалното училиште, за кои тоа беше и прв контакт со компјутерот. Контакт: Алгоритам центар, Марина Божинова, тел. 02/3116-750, или на acentar@mt.net.mk.
Д.М.
|