Здружението на граѓани “ Палома “ –Прилеп


Здружението на граѓани “ Палома “ –Прилеп е регистирано на ден 23.08.2002 година во Основниот суд при Општина Прилеп со регистарски број 29/2002; Законски застапник, да го преставува здружението пред другите здруженија, институции, фондации и Аризанкоски Рубин.

Адреса на здружението е Диме Димески бр: 18.
Цели и задачи на здружението се:
- Реализирање на разновидни активности со кои ќе се остваруваат и задоволуваат социјалните, едукативните и здравствените цели;
- Подобрување на меѓуетничките односи во Општина Прилеп и околните места;
- Организирање на младински работни акции и заштита на младите од криминал и дрога;
- Организирање на хуманитарни и културни активности со организирање на културно-спортски натпревари и користење на добиените средства за финансирање на хендикепирани деца и деца без родители;
Здружението на граѓани “ Палома “ –Прилеп ја има својата целосна документација и според член 5 од Статутот на здружението дејствува на територијата на РМ;
Банка депонент на З.Г. “ Палома” е Комерцијална банка А.Д. Скопје филијала –Прилеп и со жиро сметка 300020000252914 и даночен број  4021002135606 како и брохј на деловен субјект БДС-5675103.
Здружението на граѓани “ Палома “ – Прилеп брои триесет членови и каде десет се активни а останатите пасивни жленови и се поделени во неколку сектори:
-Сектор за образование;
-Сектор за детски и младински прашања;
-Сектор за родови прашања;
-Сектор за спорт и физижка култура;
-Сектор за екологија;
-Сектор за правни прашања;
-Сектор за сообраќај;
Мисија на организација е:
Индитификување на проблемите и потребите од секојдневниот живот на граѓаните во локалната заедница и ефикасно разрешување со едуцирање преку разни семинари, обуки, трибини, работилници со соработка со стручни лица од соодветната проблематика или област.
Приоритети на организација се:
Демократија и човекови права, Семејно насилство, корени и последици, Подигање на еколошката свест кај граѓаните за чиста и здрава животна средина и женски прашања.
До сега имаме одржано една работилница на тема: Жените кои ги сакаат мажите и мажите кои не знаат како да ги сакаат жените,
Во фаза на подготовка за старт е Телефонот на доверба.
Контакт телефон на организацијата е : +389 48 428-603; +389 48 420-208; +389 70 761-296;
Конкат лица: Аризанкоски Рубин и Крстески Панче.
Емаил адреса: palomango@mt.net.mk ; ngopaloma@yahoo.com