МИМ и МЦМС

Конкурс за здруженија на граѓани 
Македонскиот институт за медиуми и Македонскиот центар за меѓународна соработка организираат две работилници и една јавна дебата на тема „Воспоставување врски и корелации меѓу НВО-и и медиумите“ наменети за здруженијата на граѓани во Македонија.
Рокот за пријавување е до 21.10.2002г.
15.10.2002

Работилниците ќе траат по два дена и ќе се обработуваат следниве теми: совладување на техниките, методите и моделите за пристап до медиумите (соопштенија за јавност, прес конференции, редовни контакти-брифинзи), како се даваат изјави и како се прави добро интервју, одржување на врски со медиумите, лобирање и покренување кампањи.

Работилниците се наменети за членовите на раководствата на здруженијата на граѓани а предност имаат членовите чие задолжение е односи со јавност или комуникација со медиумите.

Првата работилница ќе се одржи на 2 и 3 ноември, на која ќе учествуваат претставници на здруженија на граѓани од Скопје и околината, додека втората работилница ќе се одржи на 9 и 10 ноември на која ќе учествуваат претставници од здруженија на граѓани од внатрешноста на Македонија.

Работилниците ќе се одржуваат во просториите на Македонскиот институт за медиуми (МИМ).

Јавната дебата, ќе се одржи на 11 ноември, на која ќе бидат поканети да присуствуваат учесниците од двете работилници и новинари кои известуваат за настани од невладиниот сектор. На дебатата ќе се разговара за односите меѓу НВО-и и медиумите, сегашната соработка како и недостатоците и проблемите кои се јавуваат во нивната секојдневна комуникација.

Трошоците за обуките ги покрива Македонскиот центар за меѓународна соработка.

Учесниците треба да платат партиципација во износ од 780 денари и сами ги сносат патните трошоци.

Обрасците за пријавување можат да се подигнат во просториите на Македонскиот институт за медиуми, или да се добијат по електронска пошта, секој работен ден од 10-16 часот.

Избраните учесници ќе бидат известени по телефон.

Македонски институт за медиуми
Порта Буњаковец А2/1 Скопје
Тел:02 298 466;
email: antiva@mim.org.mk
Лице за контакт: Антоанета Иванова

Формулари

 Профил на НВО (66KB)
 Пријава за учесници од Скопје (75KB)
 Пријава за учесници вон Скопје (76KB)