AIESEC отворена за нови членови
Најголемата светска студентска оргнизација AIESEC која во Македонија постои веќе 55 години, преку локалните комитети во Скопје, Прилеп и Охрид ги повикува студентите да се зачленат и да учествуваат во бројните проекти на оваа организација.
Најава на промоција на истражувањето
ДОВЕРБАТА ВО ГРАЃАНСКОТО ОПШТЕСТВО
Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС) на 10 октомври 2007 година, во 11 часот, во хотелот Холидеј ин ќе го промовира извештајот од истражувањето за Довербата во граѓанското општество.
Истражување: „Довербата во граѓанското општество“
НИСКА ОПШТА ДОВЕРБА И ПОДЕЛЕНА ДОВЕРБА ВО ГРАЃАНСКИТЕ ОРГАНИЗАЦИИ
Македонскиот центар за меѓународна соработка на 10 октомври 2007 година, во хотелот Холидеј ин во Скопје го промовираше извештајот од истражувањето „Довербата во граѓанското општество“. Ова истражување, МЦМС го спроведува по втор пат. Извештајот е резултат на потребата да се провери колкава е довербата на граѓаните во граѓанските организации. Освен довербата во граѓанскиот, со анкетата беше проверена и довербата во другите два сектори, државниот и приватниот (деловниот). Анкетирањето е направено во јули оваа година на репрезентативен примерок од 1601 испитаник.
На 16 и 17 ноември
НВО САЕМ 6 ФОРУМ НА ГРАЃАНСКОТО ОПШТЕСТВО
Шестиот по ред НВО Саем - Форум на граѓанското општество ќе се одржи на 16 и 17 ноември 2007 година на Скопскиот саем во халите 2 и 3. Носечката тема на Саемот е „Еднакви можности за сите“. Пријавувањето за овој најголем настан на граѓанското општество во Македонија веќе започна. Сите детали и формулари за пријавување можете да ги најдете во оваа информација