|
МЦМС
Како до финансиска помош за водоснабдување и санитација во вашето место
МЦМС ја издаде брошурата „Како до финансиска помош за водоснабдување и санитација за вашето место”. Во повеќе чекори, во брошурата се дадени информации за процедурите што МЦМС ги следи додека да го одобри или одбие барањето за финансиска помош односно, критериумите на основа кои се донесува одлуката за поддршка.
ПОЛИО ПЛУС
Нова Веб страница „Полио Плус”
„Полио Плус” ја подготвува веб-страницата на која можете да ги најдете основните информации за оваа организација, за активностите како и за членовите на организацијата. Освен тоа, на веб-страницата се најавени идните активности на Полио Плус. Страницата ви овозможува пристап до сите информации за кампањата „Нееднаков пристап, еднакво на пристап” преку која веќе 600 организации се согласија своите објекти да ги направат пристапни за хендикепираните лица. Информациите се достапни на македонски и на англиски јазик. Адресата е: www.polioplus.org.mk
ЦЕНТАР ЗА БЕГАЛЦИ И ПРИСИЛНИ МИГРАЦИИ Извештај од округлата маса на тема:
Законот за државјанство и предлогот за измени и дополнувања на Законот за државјанство на Република Македонија. Центарот за бегалци и присилни миграции од Скопје го публикуваше Извештајот од округлата маса на тема: Законот за државјанство и предлогот за измени и дополнувања на Законот за државјанство на Република Македонија. Извештајот на 40 страни ја сумира расправата на девет невладини организации за Законот и дава препораки во врска со него. Целта на округлата маса за која известува овој Извештај е да се видат насоките на трансформацијата на законот, да се слушнат основните интенции на експертите кои работат на предложените измени и забелешките на надворешните експерти посебно претставниците на невладините организации кои работат на прашања како ова.
|