ФОРУМ НА ГРАЃАНСКО ОПШТЕСТВО: Здружение на новинарите на Македонија
Тема: Новинарството како несигурна професија. Безбедност на новинарите при известувањето
Воведничари: Снежана Лупевска, Горан Величковски. Претседавач: Роберт Поповски Категорија: Панел Датум: 22.11.2003 Час: 15:30-17:00 Сала: Б
Новинарите се’ почесто се мета на напади од вооружени лица, но и од лица на кои “не им се допаѓа нивното пишување”. Војната и насилството ретко решаваат нешто - но кога ќе се случат, новинарите и другите вработени во медиумите имаат суштинска улога во пробивањето низ маглата на измамата, лагите и манипулацијата, со информации за тоа што неизбежно следи. Нивна задача е да укажат на влијанието врз животите на обичните луѓе. Во преземањето на таа улога, новинарите и другите ги изложуваат сопствените животи и безбедност на ризик. ЗНМ во соработка со Меѓународната федерација на новинарите изработи “Водич за преживување на новинарите, кој ќе биде промовиран на трибината. Здружението на новинари, исто така, стартува со кампања за поголема безбедност на новинарите фокусирајќи се на домашните новинари и на слободните новинари кои се изложени на најголем ризик и кои имаат најмала заштита.
|