Глад и сиромаштија

Њујоршка декларација за Акцијата против глад и сиромаштија

На 20 септември во Њујорк  е потпишана Декларацијата за акција против глад и сиромаштија од страна на 113 земји. Таканаречената “Њујоршка декларација” бара од меѓу­на­родната заедница “да посвети повеќе внимание во иднина на иновативните механизми за финансирање”, вклучително даноците на девизните трансакции и трговијата со оружје со цел да се соберат пари за Миленуимските развојни цели. Декларацијата беше иницирана од страна на претседателот на Бразил, Луис Инацио де Силва, а објавена во предвечерјето на годишното заседание на Генералното собрание на ОН. Се очекува Декларацијата да биде поттик во борбата против гладта и сиромаштијата во земјите од третиот свет. Целосниот текст на Декларацијата е достапен на http://www.ohchr.org/english/issues/minorities/fellowprog.htm.

Т.Х.