РАЗГЛЕДУВАЊЕ НА РОДОВИТЕ ПРАШАЊА ВО проектниот циклус (2)

Оценка на одржливоста и внимавање на последиците

Во минатиот број на Граѓански свет збо­рувавме за вклучување на родовите аспекти во раководењето со проектниот циклус, со цел ефектите и придобивките од една интервенција (проект) подеднакво да ги опфатат и мажите и жените. Беа наве­дени некои од основните прашања коишто треба да се постават во фазата на пла­нирање и идентификација на пробле­мите. Сега ќе се задржиме на фазите на форму­лација и финансирање


Фаза на формулација

Во текот на фазата на формулација, сите детали на проектот се специ­фицирани, при тоа користејќи се со препораките од физибилити студи­јата. Се ут­врду­ваат индикаторите за главни достигнувања и се под­готвува буџетот. При фор­мула­цијата на пред­лог-проектот, се оценува одржливоста и се земаат предвид и последиците. Во текот на оцената, се проверува начинот на кој би се вклопил проектот во политиката на работа на сек­торот. Фокусирајќи се на целната група може да се постават след­ниве прашања:

 Дали е спроведена студија за оценка на родовото прашање и кои инстру­мен­ти се користени при тоа?

- Какви се резултатите од сту­дијата во однос на поделбата на трудот: профил на актив­носта и/или профил на ресурсите и на добивките?

- Кои фактори влијаат врз учеството на жените и што може да биде направено за да се поттикне нивното учество и да се зајакнат?

- Дали е посветено внимание на практични и/или стратешки потреби и со какви последици?

- Какви се претпоставките за учеството на мажите и на жените и за добивките од проектот?

- Дали планираните индикатори се фор­мулирани на родовочувствителен начин?

- Дали собирањето на овие (или други) податоци е конкретно формулирано како една од активностите на проектот?

-  Каков беше резултатот од анализата на родовото влијание?

- Дали е направена надворешна анализа за идентификување на можностите и за­каните? Ако веќе е направена, какви ќе бидат ефектите од проектот, краткорочно и долгорочно? Дали може да се случи про­ектот да има негативни последици по жените?

- Дали е направена идентификација на можните ограничувања (писменост, време за обуката итн.) за учеството на жените? Какви мерки се предложени за надми­нување на овие ограничувања, и какви услови треба да бидат создадени за да се зајакне позицијата на жената во областа третирана од проектот?

- Ако нема направено анализа на родовите прашања, кои можат да бидат причините поради кои не се посветило доволно внимание на родовите прашања? Што може да се предложи за надминување на овој недостаток од информации?

- Дали планираните интервенции се во согласност со политиката на работа на организацијата што го спроведува импле­ментирањето на проектот, со националната/секторска политика на работа (степен на конзистентност помеѓу целите, стратегијата, активностите, вло­жените средства и оче­куваните резултати)? 

Во однос на организацискиот и инсти­туционалниот аспект, може да се постават  следниве прашања:

- Дали е направена внатрешна анлиза на јаките и слабите страни на организацијата? 

- Ако е направена, дали организацијата е способна за имплементирање на актив­ностите за зајакнување на родот? Дали има капацитет за имплементирање на пред­ложените родови активности (состав на работниот кадар, начин на работа, број на работен кадар, професионалност, родова свесност, методи на обука и учење)? Дали има специјализиран родов експерт или се направени чекори за обезбедување таква експертиза?

- Дали има соодветни можности за учество на жените на раководни позиции во рако­водењето со проектот? Ако нема, зошто? Дали с$ уште има можности да се напра­ви тоа?

-Дали организацијата има до­волно флек­сибилност за да ги адаптира своите струк­тури и ак­тив­ности на променетата или новата ситуација за жените?

-Дали е направена надворешна анализа за идентификација на можностите и заканите и дали таа послужила за утврдување на ми­сле­њето на акцио­нерите во врска со родовата еднаквост и нивната спремност и капацитет за спра­вување со родовите прашања?

 

Фаза на финансирање

Оваа фаза се состои од при­премање нацрт-предлози за фи­нан­сирање; испи­тувања од страна на финансискиот комитет; одлука од страна на донаторот и при­према и потпишување на финан­сис­киот договор. Може да се направи анализа на буџетот за да се утврди про­центот на средства на­менети за посебни родови интервенции. Би можеле да се постават следниве пра­шања:

- Дали со буџетот се предвидени резервни средства, во случај да треба да се преземат екстра активности доколку се констатира дека постои родова нерамнотежа?

- Дали се избегнува привилегираниот пристап до ресурсите од страна на кој било од родовите, на пр. кредитни можности и услови  за добивање?

Подготвиле: Неда Малеска-Сачмароска и Фатмир Битиќи