Светски совет на црквите

Изјава на Извршниот комитет за Иран за нуклеарната пролиферација

Негативната гаранција за безбедност” (Negative Security Assurance), на која се обврзаа сите пет официјално признаени земји коишто поседуваат нуклеарно оружје, беше клучна за овозможување на одлуката од 1995 година за трајно продолжување на Договорот. Жалиме поради фактот што претседателот Буш ги доведе САД во ситуација на директно непочитување на обврската кога не ја негира можната опција за нуклеарен напад против Иран, објавена во извештаите на весникот Њујорк тајмс (New York Times).

Иран мора да сфати дека неговата обврска не е условена од дејствата на другите. Не постои оправдување за прекршувањето на обврските кон ИАЕА од страна на Иран и ССЦ бара од него и од меѓународната заедница да ги исполнат своите колективни обврски за обезбедување мирен свет ослободен од нуклеарно оружје со удвојување на напорите за донесување конструктивна одлука за почитување на обврските од Договорот од страна на Иран.  

Таквата одлука би требало да го вклучи признавањето на законските потреби на Иран за безбедност, како и да го почитува неговото законско право загарнтирано со НПТ да користи нуклеарна технологија и материјал во мировни цели. Успешното разрешување на кризата мора исто така да ги почитува законските потреби за безбедност на меѓународната заедница со тоа што ќе обезбеди строго придржување кон принципите и практиките на нуклеарна непролиферација загарантирани со НПТ во договорите и одлуките донесени на конференциите за преглед на НПТ, а во врска со мерките и обврските на ИАЕА. Не постои никакво воено решение за оваа контроверзност. Кон неа треба да се пристапи со дипломатски средства, особено со зголемената поддршка на ИАЕА.

Правото на Иран да ја усовршува нуклеарната моќ за цивилни и мирољубиви цели, како и правото да го збогатува ураниумот, не е безусловно. Правото за пристап кон нуклеарни технологии почива на обврската да & се разоткријат сите нуклеарни објекти и програми на ИАЕА и истите да бидат отворени за постојана инспекција од страна на ИАЕА. Иако знаеме дека Иран моментално соработува со ИАЕА од каде потврдуваат дека нема докази за активности од страна на Иран за набавка на нуклеарно оружје, Иран, барем сега засега, ја загуби довербата на голем дел од меѓународната заедница поради неговата неодамнешна историја на вршење тајни нуклеарни истражувања. Како резултат на тоа, Иран мора да прифати дека ќе мора да исполни одредени дополнителни барања за да ја поврати изгубената меѓународна доверба. 

Во моментот, за враќањето на загубената доверба потребен е мораториум којшто ќе ги потврди сите напори на Иран за збогатување и преработка на ураниум што ќе & овозможи на ИАЕА да утврди дали сите постоечки и идни нуклеарни објекти на Иран работат и ќе работат во согласност со стандардите за инспекција на ИАЕА. Ова е мерка за градење доверба којашто во принцип не го негира правото на Иран да усовршува нуклеарни технологии за мирољубиви цели.

Стекнувањето доверба во мирољубивата природа на нуклеарните програми на Иран бара повеќе од тоа Иран да го ратификува и целосно да го спроведе Дополнителниот протокол на ИАЕА.