Панел

Децентрализација – департизација како формула за успешна локална демократија

Во организација на ЦСИД  “Форум”, на вториот ден од одржувањето на НВО саемот беше одржан панелот на тема “Децентрализација – департизација како формула за успешна локална демократија”.

Вовед во ова даде Ѓунер Исмаел, кој рече дека во изминатиот период многу стана збор околу оваа тема, и околу која се дигна многу прав во јавноста. Тој посочи дка и во наредните две-три години ќе се дискутира многу. Околу овој процес ЦСИД “Форум” ќе започне да работе на проектот “Децентрализацијата во Македонија: Да се приближи власта поблиску до народот”. Во пет општини во Македонија – Струга, Кичево, Гостивар,Чаир и Куманово ќе се спроведуваат осмислени активности за помош на локалните претставници и цивилното општество за нивно зголемено учество во функционирањето на нивните општини во рамките на новите закони за децентрализација и локална самоуправа. Проектот е финансиски подржан СР Германија. Проектот ќе се спроведува до 2006 година.

Елена Петкановска, од Министерството за локална самоуправа истакна дека децентрализацијата е камен темелник за подобро “владеење”и демократски човеков развој. Процесот на глобализација и брзиот развој на технологијата  ги присилуваат сите држави во светот да започнат со реформи за дефинирање на политичките и правните система. Во поново време се почесто се употребува терминот демократско владеење, со што се означуваат обврските на власта при донесување на одлуките. Спроведувањето на овој процес вклучува: реформи во оделни сектори, со дефинирање на органите на власта. Со пренесување на властите од централно на локално ниво би требало да се постигне што поголема одговорност и зголемување на нивните права.

Владимир Ристески исто така од Министерството за локална самоуправа истакна дека со децентрализација треба да се постигне и департизација на локална власт за успешна локална демократија. Во тој правец и самите граѓани треба да се заинтересираат повеќе, да знаат кои се членовите на општинските одбори, да има поголема комуникација меѓу нив.

Ѓунер Исмаел на крајот на панелот кажа дека еден од проблемите на македонското општетсво е непознавањето на рамката. Во таа насота е и недостигот на информации, што можеме а што не можеме да правиме, што смееме а штон е. Мора да се почитува изборот на локалните власти. Но ќе има потешкотии поради партизација на локалната администрација.