Невладините прашуваат
Како да не н$ украдат на избори?
„Македонија с$ уште не може да се справи со корупцијата на изборниот процес. Речиси 90 % од активностите на политичките партии се финансираат анонимно. Никој не знае од каде им се парите, иако по доаѓањето на власт, го враќаат долгот. Многу е опасно што граѓаните се помирени со ваквиот циклус и го прифаќаат како нешто многу нормално - ова се некои од заклучоците на учесниците на трибината „Изборите како извор на корупција”, како дел од серијата тркалезни маси коишто по повод изборите ги организира невладината организација „ОХО”.
Габриела Коневска, претседател на „Транспарентност Македонија” смета дека во предизборните кампањи секогаш почнува нов циклус на корупција. „Се формираат нови релации со бизнис-олигархијата и анонимните донатори, а постоечките врски од овој тип продолжуваат и по изборниот процес”, вели таа. Како пример, таа ги наведе сметките на ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ коишто, иако подолго време се блокирани, водат кампањи за кои се трошат огромни пари посочи Коневска. Според професорот Миодраг Лабовиќ од Полициската академија во Скопје основен проблем во Македонија е што не се испитува потеклото на имотот. „Изворите на пари што ги користат политичките партии е непознат. Ако партиите се финансираат со нечесни, криминални пари, тогаш како тие” е се справат со корупцијата кога ќе дојдат на власт, запраша Лабовиќ додавајќи дека во изминативе 15 години се случува изборна измама. Претседателот на Антикорупциската комисија, Михајло Маневски најави дека овие избори нема да бидат како претходните, бидејќи институциите се подготвени објективно да го следат финансирањето на кампањата.
Во рамките на серијалот трибини на „ОХО” за изборите , НВО излегоа и со „предизборен рецепт”-„Како да не н$ украдат на избори”. Тие порачаа - колку поголема масовност на изборите, толку подобра шанса за демократски и фер избори.
„Најдобра шанса за фер и демократски избори е одѕивот на граѓаните. Не сакаме кампања со плукање, туку партиите да кажат што ќе направат со проблемите на сиромаштијата, невработеноста и корупцијата”, појасни Сашо Клековски од МЦМС, кој смета дека луѓето имаат високи очекувања од оние во кои немаат доверба. Слаѓана Тасева од „Транспарентност Македонија” предупреди дека граѓаните треба да внимаваат за кого ќе гласаат.
„Секој гласач треба да се праша дали неговата партија крадела гласови или го нарушила изборниот процес”, рече Ибрахим Мехмети од „Потрага по заедничка основа”.
За Дарко Алексов од „Мост” е важно партиите да испорачаат порака дека е потребна кампања без навреди. „Кампањата да помине во исчекување на резултатите од полуфиналните фудбалски натпревари, а не во чекање на резултатите од полуфиналните фудбалски натпревари, а не во чекање на резултатите од избори“, вели Акексов. Тој апелира за поголема транспаретност на институциите за време на изборите, која треба да ја зголеми довербата на гласачите.
|