ИНТЕРНЕТ ФОРУМ ЗА ЗАПАДЕН БАЛКАН

Прашајте го Солана

Центарот за демократија и помирување во Југоисточна Европа – ЦДРСЕЕ покрена интернет-форум на веб-страницата њњњ.сее-футуре.орг на кој граѓаните од регионот на Западниот Балкан можат да дискутираат за своите проблеми – национални и регионални – со високиот претставник на ЕУ за надворешна и безбедносна политика, Хавиер Солана. Овој дискусиски електронски форум трае веќе два месеци, и на него можат да се видат одговорите на прашањата поставени до Солана.

Форумот го спонзорира УСАИД, а неговата цел е да се подигне јавната свест кај граѓаните од Западен Балкан за важни проблеми, како безбедноста, развојот, невработеноста, помирувањето и други.

М.И.