Коалиција на НВО за доброволно разоружување За живот без оружје Неформалната коалиција на НВО за доброволно разоружување на 4 ноември во 11 часот, во просториите на Сојузот на организациите на жените на Македонија СОЖМ (наспроти Градската болница), ќе одржи редовна прес-конференција.
Прес-конференцијата треба да даде слика за почетните резултати и текот на разоружувањето, како и осврт на медиумите со цел поуспешна реализација на акцијата за доброволно предавање на оружјето.
Информации можете да добиете на тел. 02/2464-329, или на www.detstvo.org.mk.
Д.М. |