Извештај на УНИЦЕФ за 2003
Критикувани државите и Владите
Извештајот на УНИЦЕФ за состојбата со децата во светот во 2003 година, истакнува дека бројот на децата кои умираат во сиромаштија не е многу намален во споредба со осумдесеттите и деведесеттите години од минатиот век. Како резултат на тоа, повеќе од милијарда деца во моментов се соочуваат со брутална егзистенција која произлегува од сиромаштијата, војните и сидата. Извештајот ги критикува државите кои не успеваат ефикасно да се справат со ширењето (пандемијата) на сидата и да ги спречат вооружените конфликти, како и да интервенираат кај владите да гледаат на сиромаштијата како на недостаток од основни права. Извештајот е достапен на: хттп://њњњ.глобалполицѕ.орг/соцецон/хунгер/генерал/2004/1208хунгеррисе.хтм.
Т. Х.
|