Денови на Каритас: Гест за мир 

 „Десет милиони ѕвезди“... 

Македонскиот Каритас, во соработка со Францускиот Каритас, хуманитарни граѓански организации со програми за промоција на солидарност и мир, ќе го одржат вториот настан “Десет милиони ѕвезди - Денот на каритас“, во Скопје, на 19 декември годинава, на платото пред Домот на Армијата и околу споменикот на Мајка Тереза, каде што во 15:30 часот ќе биде осветлен со специјални свеќи декорирани од членови на организации со кој соработува Каритас.

Осветлувањето ќе биде проследено со упатување пораки за Мир и кратки говори од страна на верски преставници за придонесот на верските заедници во промовирањето на мирот и солидарноста во РМ.

Манифестацијата започнува во 14:00 часот, а таа ќе содржи забавно-интерактивен дел со анимации за деца од сите возрасти (цртање, моделирање со пластелин, пишување пораки за мир), спортски анимации (во соработка со Факултетот за физичка култура), настап во живо на групата „Деј оф“, како и настап на соработниците на Каритас (детски градинки и школи). На манифестацијата ќе има иложбено-продажен дел на Македонскиот и на Францускиот Каритас со новогодишни честитки, свеќички, календари, традиционални ракотворби, како и топли пијалаци.

Предвидено е манифестацијата да заврши во 17.00

Целта на овој традиционален настан е промоција на мир и солидарност, промоција на меѓурелигиски дијалог, меѓуетнички соживот и сензибилизација на пошироката јавност за овие прашања.

Во Франција, а и во повеќе европски држави, веќе неколку години на овој предбожиќен собир за мир се осветлуваат  споменици со свеќи. Минатата година за прв пат и Македонскиот Каритас им се  придружи на другите национални каритаси со организирање ваква манифестација со осветлување на Камениот мост и пригодна програма на тема „мир“.

Оваа година, 2003 (година на блажената Мајка Тереза), за реализирање на предвидените цели за одржување на овој настан не случајно Каритас го одбра местото околу споменикот на Мајка Тереза, како почесен граѓанин на Скопје и бидејќи таа преку својата работа ги промовираше мирот и солидарноста низ целиот свет, помагајќи на сите луѓе  кои се во потреба, без разлика на полот, возраста, религијата и националноста.

За дополнителни информации, побарајте информации во канцаларијата на Македонскиот или на Францускиот Каритас, на телефонот 02/3224-190 лок. 2.

e-mail:
caritasmacedonia@hotmail.com
caritas_france_macedonia@hotmail.com

Лица за контакт:
Александра Баракоска 070/754-496;
Сања Терзиевска 070/360-275

 

Д.М.