Во Охрид обука за професори

Бизнис и претприемништво во средните училишта

Реализација во рамките на активностите на Агенцијата за поддршка на претприемништвото на Република Македонија

Професори од гимназиите и средните уметнички училишта, во кои од оваа учебна година бизнис и претприемништво стануваат задолжителен предмет,  денес и утре во Конгресниот центар во Охрид професорите ќе следат обуки низ кои ќе имаат можност да се запознаат со актуелностите од оваа област. Обуката ќе биде поврзана со претприемништвото во остварувањето на економскиот развој на државата.

За проектното поставување и значењето на едукацијата за претприемништвото ќе зборуваат Игор Николоски, проектен координатор и проф. Радмил Поленаковиќ, директор на Бизнис Старт-ап центарот при Универзитетот Св. Кирил и Методиј.

Обуките се со цел подигање на свеста за  претприемништвото кај  студентите и младите луѓе од средните училишта. Се реализираат во рамките на  активностите на Агенцијата за поддршка на претприемништвото на Република Македонија во доменот на претприемачкото учење и остварената соработка со универзитетите.