Центар за енергетска ефикасност на Македонија - МАЦЕФ

 
Одржани четири тренинг курсеви за потребите на локалната самоуправа 

Во согласност со работниот план, Центарот за енергетска ефикасност на Македонија - МАЦЕФ организира четири тренинг-курсеви за советниците на општините кои гравитираат кон центрите во Скопје, Маврово, Кавадaрци и Кочани со наслов „Енергетската ефикасност како можност да се намалат трошоците на општините“.

Во програмата на овие курсеви се застапени повеќe теми, како што се надлежност на општините дефинирани со закон, локалната самоуправа и енергетската политика, проекти за енергетска ефикасност, потреби за вода и улогата на правилното управување, можно поле на дејство, мотивирање на општината, јавно осветлување, снабдување со топлинска енергија и користење трајни енергетски извори и можности за промена на потрошувачката и видот на транспортните горива во РМ.

Првиот курс се реализира во општина Карпош, Скопје, на 2 и 3 октомври 2003 година.

На тренинг-курсот учествуваа 17 советници од осумте скопски општини и 4 претставници од Министерството за економија, Министерството за финансии, Рударски институт – Скопје и приватната фирма Термокинг од Скопје.

Вториот курс се одржа на 9 и 10 октомври, 2003 година во хотел „Макпетрол“, Маврово, на кој учествуваа градоначалникот на Маврово, 10 советници од општините Маврово, Осломеј, Србиново, Вруток и Гостивар, двајца студенти на Машинскиот факултет – Скопје и двајца претставници на Шумарскиот факултет - Скопје и ЈПССАП на РМ.

Третиот курс се одржа на 16 и 17 октомври, 2003 година во хотел „Фени“, Кавадарци. На кој учествуваа 17 советници од општините Кавадарци, Конопиште, Демир Капија, Градско, Росоман, Неготино и Велес, двајца претставници од ФКН и МХЕЦ Лукар и двајца студенти на Машинскиот факултет – Скопје, а на 6 и 7 ноември 2003 година, во Кочани, се одржа четвртиот по ред тренинг-курс на темата „Енергетската ефикасност како можност да се намалат трошоците на општините“, на кој учество зедоа градоначалникот на општина Оризари, 14 советници од општините Облешево, Виница, Оризари, Кочани и Чешиново, двајца претставници од УХМР во Скопје, тројца студенти на Машинскиот факултет од Скопје и еден претставник од ЕСМ - Дистрибуција Кочани. 

 Д.М.