ВО ЖЕНЕВА

Одржливиот менаџмент во акција

Од 4 до 6 септември 2003 година, во Женева, Швајцарија, се одржа првиот меѓународен конгрес насловен како „Одржливиот менаџмент во акција“. Конгресот го организира Универзитетскиот центар за хумана екологија и науки за животната средина при Универзитетот во Женева.

На овој голем научен собир присуствуваа и многу здруженија на граѓани, научници, експерти, претставници на владините тела и на бизнис-секторот. Тоа претставуваше прва можност да се разменат конкретните искуства за одржливиот менаџмент помеѓу научниците и практичарите. Конгресот се одвиваше на две нивоа: пленарни сесии (со темите како технолошки иновации, концепти, иден развиток и друго) и работилници (со темите како одржливи енергии, одржливо финансирање, чисто производство, одржливи претпријатија и друго).

М.И.