„Вавилон“ и ОЖ „Свети Николе“

FARE - фудбалска недела во македонија

Во тек е најголемата анти-расистичка кампања во Европа - со фудбал против расизам.

На 19 Октомври 2008 година во спортската сала „Цар Самоил” во Свети Николе, беше организиран турнир во мал фудбал, со учество  на екипа од Србија, Свети Николе и екипата на Мировниот корпус од Америка. Екипите беа со мешан состав по пол и националност на возраст од 18-25 години.

Турнирот беше дел од активностите на деветтата акциска недела  организирани од мрежата ФАРЕ - со фудбал против расизмот во Европа во 37 земји во Европа. Едукативниот детско младински центар Вавилон од Свети Николе и Организација на жени на Општина Свети Николе по петти пат се вклучија во одбележување во оваа кампања.

Манифестацијата беше збогатена со настапите на балетските група од основните училишта “Гоце Делчев” и “Кирил и Методиј” од Свети Николе.
Уште еднаш младоста покажа дека светот е убаво место за живеење кога сме еднакви и подеднакво се радуваме на исти работи . Во овој случај фудбалот беше алката која не поврза сите во играта, навивањето, дружењето, Во одбележување на 5 години ФАРЕ во Свети Николе беше поставена изложба во Домот на културата „Крсте Петков Мисирков“ во  Свети Николе, на тема „Со спорт против расизам и дискриминација“ 2004-2008.