КОМПЛИЦИРАНОСТА НА ПАЛЕСТИНСКОТО ПРАШАЊЕ

Во потрага по организирана солидарност

Пред десет години, поддржана од групите на солидарност од целиот свет, се појави Првата палестинска Интифада присилувајќи го Израел да ја признае Палестинската ослобо­дителна организација (ПОО) како единствен претставник на Палестинците. Многу под­држувачи и активисти од целиот свет во Осло видоа надеж, можеби и само надеж, да донесат праведно решение и да му стават крај на овој долг конфликт.
Со основањето на Паленстинската национална власт/влада (ПНВ), многу светски претставници почув­ствуваа дека сега Палестинците можат самите да ја контролираат својата судбина и почнаа да ги растураат нивните групи за да не го нарушат процесот. За вре­ме на и по Осло, меѓу­народните влади го презе­доа водството, исто­вре­мено потиснувајќи ги нас­тра­на групите на соли­дарност да чекаат и да видат што ќе се случи пона­таму.

Денес, десет години по Осло, по многуте нови ини­цијативи и договори, вто­рата Интифада беснее и допрва ќе ги гледаме сите последици од тоа. Дали и денес некој тврди дека Палестинците имаат кон­трола врз својата судбина?

Јас не можам да ги обви­нувам меѓународните гру­пи за солидарност за нив­ните кусогледи погледи; ја обвинувам ПНВ, многуте палестински политички партии и многуте палестински граѓански структури. Зошто? Едноставно затоа што со при­фаќањето на привремениот мир во Осло со апартхејдот кој Бантустанците го нарекуваа А, Б, и Ц, нашиот легитимен отпор и борба против израелската воена окупација се претвори во нелегални чинови на терор и нашите поддржувачи и пријатели насекаде во светот останаа збунети. По Осло, ние ги разочаравме сите  и секој оној, кој локално или национално се дрзна да го критикува Осло, го гледаа како противник на мирот и како радикал кој треба да се запре. 

Групите за солидарност, кои долго време водеа кампања за ставање крај на изра­елската окупација и за правото на Палес­тинците за самоопределување и целосна имплементација на резолуциите на ОН и меѓународното право, беа отфрлени без јасно објаснување. Секое локално или меѓународно спротивставување на Осло доведе до зна­чителна критика и беше сметано за попре­чување на постигнатиот напредок. Осло се претвори во Свет грал за ПНВ, САД и Европа, како и за неколку важни палестински партии и неколку структури на граѓанското оп­штество. Ова резултираше со уште поголема збунетост на групите за солидарност; тие добиваа премногу различни пораки.

Во тоа време, ПНВ, Фатах и некои други политички партии, во Осло гледаа единствен начин да се заврши конфликтот и да се променат нивните тактики. Ако порано ја бараа поддршката на народните движења во светот, сега почнаа да им пристапуваат на различите влади да го поддржат Осло и основањето на ПНВ. ПНВ дури побара да престане финансирањето на оние кои се спротивставуваа на Осло. Оваа промена во голема мера влијаеше на палестинската борба и нивните напори за поддршка во Европа, Америка и насекаде во светот. Како пример за тоа, повеќето од официјалните лица на ПНВ имаа заеднички потфати  со Израелците, ПНВ сакаа Палестинците и нивните поддржувачи да престанат со повикот за бојкотирање на Израел. Наместо тоа, тие побараа од светот да изврши притисок на Израел да ги почитуваат дого­ворите од Осло и да & донира повеќе пари на ПНВ за да ја изгради својата држава. ПНВ го охрабруваше овој пристап, притоа пока­жувајќи ја природата на таквата власт и нивниот недостаток на доверба во локалните и меѓународните напори да се стави крај на окупацијата. Не успеаја да ги разберат и искористат способностите на луѓето.

За време на Осло, сите се збунија, а денес ние сме уште позбунети од тогаш. Со многу различни мировни иницијативи, ситуацијата станува с$ поматна и понејасна. Нашето раководство изјави дека мораме да напра­виме компромис и да дејствуваме дипло­матски со цел да ги добиеме нашите нацио­нални права. Ни кажаа дека во сите рево­луции на светот се прават компромиси со цел да се добијат леги­тим­ните права и дека ние не сме исклучок. За жал, и покрај генералното при­фаќање на компромисот од страна на јавноста, нашето раководство му пристапува на ова на многу таинствен начин и без никаква почит кон луѓето. Дури и сега тие го имаат истиот пристап; луѓе се убиваат на ули­ците, а тие таинствено преговараат во некоја од светските престолнини без да им дадат со­одвет­на информација на сво­ите луѓе. Таин­стве­носта им стана стил на рако­водење на Палес­тинците и се практикува на с$ повеќе и повеќе нивоа. Дури и последниот договор во Женева беше направен во целосна тајност како божем обичните луѓе да не се доволно зрели да ја држат судбината во свои раце и како да не вреди да се вклучуваат и тие во процесот. Уште еднаш, можеби од граѓанското оп­штество ќе се побара безусловно да ја поддржи тајната игра во која тоа нема да има право на глас. С$ додека не постои демо­кратија која соодветно ќе функционира со чести избори, критички и независни медиуми и почитувани институции коишто го прак­тикуваат она што го зборуваат, разно­видноста на палестинското граѓанско оп­штество ќе биде ставена во сенка на дипло­матијата. Улогата на едно граѓанско оп­штество мора да биде критичка, но за да се случи тоа, граѓанското општество мора и да се вклучи во процесите. А за да се вклучи, ние мораме да бидеме информирани и заштитени со владеење на законот, но, за жал, тоа не е така.

По Осло и пред втората Интифада, напорите на официјалните Палестинци беа фокусирани на критикување на оние кои не можеа да ја разберат “суштината на Осло” и “актуелната игра на моќ”. Тие им посветуваа значително помало внимание на брзорастечките изра­елски колонии, кои не претставуваат ништо друго туку тврдини на наша земја. Нивната загатка беше како да ги убедат Палестинците во нешто што е надвор од реалноста и фактите на теренот. Речиси ист таков притисок доаѓаше од многу меѓународни влади и некои сериозни донатори кои ги користеа своите пари да им го продадат Осло на обичните Палестинци.
 

Оживување на граѓанското општество

Со втората Интифада се вложија повеќе напори за реорга­ни­зирање на меѓу­народ­ните акции на соли­дар­ност. Повеќе локални НВО станаа активни на полето на застапување, додека многу други ги користеа нивните врски за да ги пренесат ин­фор­мациите во светот. Наскоро, премногу ин­фор­мации пре­ле­туваа насекаде низ светот со помош на интернет. Лу­ѓе­то дури почнуваа и да се шегуваат со тоа, ве­лејќи дека секој што има компјутер поврзан на интернет би го ко­ристел да рашири не­как­ва информација, но дека тоа е главно истата информација којашто е дистрибуирана од другите - дека инфор­мацијата којашто се шири всушност се врти во круг. Не постоеше координација на локално ниво и сите напори што се направија да се координира ширењето на инфор­мациите не се сфаќаа сериозно. Натпреварот помеѓу различните локални НВО и желбите за самовеличење продолжуваат да ја попре­чуваат целосната соработка.

Згора на целиот хаос, а можеби и како најважен проблем, се јавува фактот дека Палестинците немаат една, стандардна порака. Има многу конкурентски политички фракции и невладини организации со различни цели, стратегии, тактики и визии. Повеќето од тие иницијативи беа започнати без консултации со локалното население. Секој си има своја агенда којашто им ја наметнува и на локалното население и на меѓународните групи за солидарност.

Меѓународните групи за солидарност треба да се едуцираат за оваа реалност и да продолжат да дискутираат и дебатираат за комплексниот карактер на палестинската борба. Без тоа, тие не ќе бидат во состојба политички добро да расудуваат за кон­фликтот, како и за нивните лични средства за поддршка на борбата.

Од друга страна, пак, постои многу слаба координација и соработка на меѓународно ниво помеѓу сите тие групи за солидарност. Нема добро кординирана стратегија помеѓу арапските и палестинските групи во дија­спората, како и помеѓу групите за соли­дарност од различни земји за едуцирање на јавноста и за давање отпор кон акците на Израелците. Во првата Интифада, дија­спората имаше подобра и посилна улога и беше далеку повклучена.

Изгледа дека и покрај долготрајната борба, ни треба повеќе време и напори да го едуцираме јавното мислење насекаде во светот за палестинскиот заговор и да ги мотивираме да извршат притисок врз нивните влади да ги признаат легитимните права на Палестинците. Ние не успеавме да сфатиме дека секакво барање од владите да извршат притисок врз Израел, треба да биде при­дружено со огромни народни кампањи внатре во самите земји за да се изврши притисок врз истите тие влади да ги почи­туваат таквите барања. Ние не успеавме да им помогнеме на тие групи за солидарност да се претворат во гласачка сила која ќе влијае на нивните парламентарци и доне­сувачи на одлуки.

Фактот што палестинското прашање е поком­плицирано од каква било друга кауза во светот, вклучувајќи ја и јужноафриканската, не може да се игнорира, бидејќи Израел претставува “црвено светло” за многу земји и поединци. Ние, меѓутоа, не дадовме с$ од себе да влијаеме на јавното мислење во светот; ние не се ангажиравме себеси на еден вистински конструктивен начин ефикасно да ги завршиме нашите задачи; и не успеавме да ги обединиме структурите на граѓанското општество. Ние исто така не успеавме да & ги раскажеме нашите приказни на светската публика и сето тоа може да се смета за пропуштена можност. Како шлаг на нашиот очај, секаква добивка постигната на ниво на народот беше нарушена од праксата, стра­тегиите и тактиките на ПНВ. 

Ние исто така не успеавме да ги моби­лизираме Арапите и Палестинците во Европа и во САД поради нашето недоволно познавање на начи­нот на кој фун­кцио­нираат работите на запад и моќта на јавното мислење. Тие исто така носат дел од вината би­деј­ќи не успеаја да се ангажираат во своите општества и заедници, да фор­мираат свое лоби и да влијаат на поли­тиките на нивните земји-домаќини. Ме­ѓу­народните прет­ставништва на ПОО, а потоа и на ПНВ, беа исто така доста вклучени во градењето релации со владите, но не и со луѓето или граѓанското општество на запад. Тие не работеа на мобилизирање на Арапите и Палестинците кои живеат таму. Поради овие неуспеси, му олеснивме на Израел успешно да бара самоодбрана, додека во исто време ја продолжува својата практика во окупираните територии без да се соочи со каков било вистински приговор каде било во светот. 
 

Рифат Одех Касис 12 јануари 2004
(продолжува во следниот број)