Ќе се верифицира образованието на возрасните
Граѓаните ќе се квалификуваат според потребите на работодавците
Конкретни критериуми за работа, помош од државата и признавање на дејноста на работничките универзитети и вечерните училишта за возрасните што не завршиле образование и што сакаат да се преквалификуваат е предвидено да се постигне со законот за образование на возрасните. Регулативата треба да влезе во владина процедура во април. Но, вработените во работничките универзитети се сомневаат дека законот ќе „помине” со образложение дека и досега се правеле обиди да се уредат работите во таа сфера, но безуспешно.