погледи

Евроатлантското сонце на Македонија

Во динамичниот свет во кој живееме денешното освојување на демократскиот простор, утре веќе станува основа за ново освојување. Затоа одговорноста станува се поголема, барем од етички аспект.

Македонија е млада демократија. Прифаќањето на те­ме­л­ните демократски вредности подразбира дека има продемократски општествен карактер. Тоа е неј­зи­ната идеолошка матрица и пред с$ тоа е циви­ли­зациската определба на нејзините граѓани. Доколку сакаме да навлеземе подлабоко во анализа, тогаш вниманието ќе ни се сврти кон она млада во демократијата што ја имаме. Тоа накусо подразбира недоволно изградена (или изживеана) демо­крат­ска традиција и оттука недоволно изграден демократски ам­би­ент - демократска (процедурална) пракса - демократска свест - демократски (цивилен) начин на живеење. Тој недостаток овозможува вакуум за манипулација од различни мотиви, чија основна цел е избегнувањето на етаблирање на процедурите и институциите. Бидејќи демо­кра­ти­јата, како процес и систем, ис­то­времено, е пред с$ при­др­жу­ва­ње кон одредени правила за опре­делено време, во чие цар­ство се уживаат и хармонизираат правата но и обврските на по­е­ди­нецот, групите и заедницата во це­лина. Побрзото разбирање и имплементирање на овие права и обврски значи и создавање ус­ло­ви за побрз развој и бла­го­сос­тој­ба. Тоа е карактеристика на демо­кратиите, што е и случај со нашата држава и општество, Ре­пу­блика Македонија.  

Меѓутоа младата демократија ис­то така подразбира и лесно кршлива демократија, што и се докажа во деведесеттите години на минатиот и почетокот на овој век, деценијата на крвави су­ди­ри и деструкции во нашиот ре­ги­он. И тогаш, колку црно да из­гле­да­ше иднината, сепак лебдеше вистината дека во целата таа несреќа, нашата среќа е што сепак сме дел од Европа. Територијално и цивилизациски. Ка­ко дел од западната цивилизација, нашите општества се при­ла­го­дени (ако веќе на постои цврста традиција што ќе ефектуира контрибуција) за полесна апсорпција на вредностите на сло­бо­да­та, демократијата и човековите права, што во случајот е огром­на предност. На тој начин главниот фактор кој ја прид­ви­жи нашата ориентација кон демократијата и прогресот беше и с$ уште е таканаречениот евроатлантски процес на инте­гра­ци­ја. Тоа сонце, до кое за среќа сме на завидна близина, вли­ја­тел­но сјае кон нас и со својата енергија придонесува до целосно за­топлување на нашето државно тело, во сите негови струк­ту­ри. А бидејќи за сонцето не постојат граници како што ние лу­ѓето ги разбираме, тоа свети за сите, вклучително и за нашите соседи, што е уште еден аргумент во корист на интеграцијата. Убеден сум дека немаше да ја имаме истата судбина доколку не бевме толку блиску до сон­це­то. Не само поради тоа што ќе имав­ме иманентен недостаток на (изразено) ослабната ап­сор­п­ци­ја на вредностите на сега ве­ќе глобалниот систем на демо­кра­тија, или да ја поставам ди­ле­ма­та поинаку: тешко е да се из­мери контрибуцијата на нашиот сопствен напор да се направат промените кон интеграцијата?!

Се сомневам дека ќе можевме да ги издржиме предизвиците н турбулентните времиња со кои се соочувавме, бидејќи многу па­ти се потврдуваше недоволниот капацитет на општеството во целина, но пред с$ на најодговорните, политичките фактори, прво, да го разберат, второ, искрено да му се посветат и трето, да го водат и решавааат интегративниот процес, дополнително имајќи ја предвид неговата мултидимензионалност, ком­плекс­ност и динамичност. Затоа, буквално во сите реформи во Маке­донија од нејзиното осамостојување, од најголемата, та­ка­наречениот Охридски рамковен договор, до баналните, како заштитата на правата на сопственост во новото капиталистичко општество или финансиската независност на третиот столб на власта - независното судство преку институтот Независен судски буџет, до последната препорака за дефинитивно за­поч­ну­вање на реформите во здравствениот систем итн., се чувству­ва некогаш нежниот, а често и силниот, топол зрак на сонцето. Секако дека патот кон сонцето не е ни малку лесен. Затоа е потребна мудрост пред с$ на носителите на процесите, тој пат да се забрза, односно да се создаде амбиент целиот општест­вен систем да се мобилизира и да се постави во позиција на контрибуција. Простор има за сите - тоа е впрочем демо­кра­ти­јата. Во динамичниот свет во кој живееме денешното осво­ју­ва­ње на демократскиот простор утре веќе станува осно­ва за ново освојување. Затоа одговорноста станува с$ пого­ле­ма, барем од етички аспект.

Колку е демократскиот простор поголем, толку и генералната апсорпциска моќ на општеството се зголемува. Еден од основ­ни­­те фактори за забрзана апсорпција е образованието. Еду­ци­ра­ното граѓанство во современи термини е од примарно зна­че­ње за развојот на едно општество. На тој начин апсорп­ци­ја­та која ќе станува с$ поефикасна преку евроатлантските ре­фор­ми ќе н$ одведе до големата цел, да станеме дел од сон­це­то, да се интегрираме во него и потоа да продолжиме да ја ши­риме енергијата по нас, за останатите.

Лазар Еленовски (авторот е генерален секретар Евроатлантскиот клуб на Македонија)