Јавниот интерес и граѓанските организации

Публикацијата претставува преглед на статусот на јавниот интерес во повеќе европски земји и на домашното законодавство кое го регулира јавниот интерес и претставува придонес во приближувањето на концептот на јавен интерес и организации со статус од јавен интерес во Македонија, врз основа на долгогодишните искуства и позитивните практики од повеќе земји од Европа.

Треба да послужи и како лобирачка алатка и основа за формулација на нови законски одредби за статусот од јавен интерес за здруженијата на граѓани и фондациите, што ќе значи создавање подобри можности за нивна одржливост.


Економски активности на граѓанските организации (споредбен преглед)

Оваа публикација нуди преглед на можностите на граѓанските организации да се занимаваат со економски активности во повеќе европски земји, како и на постоечкото решение во Република Македонија. Ги пренесува позитивните искуства од европските земји во однос на значењето на економските активности како најзначаен извор за одржливост на граѓанскиот сектор.

Двете публикации ги издава Македонскиот центар за меѓународна соработка како дел од програмата за работа на Граѓанската платформа на Македонија.