Белешки за авторите

Проф. д-р Живко Андревски е роден на 13.12.1955 година. Тој е доктор на политички науки и професор на пстдипломските студии по Комуникологија на Институтот за социолошки и политичко-правни истражувања во Скопје. Живко Андревски исто така е соработник на Институтот Медијаплан од Сараево, Центарот за комуникации во Бар, Институтот “Линк” од Нови Сад и фондацијата Вилтон парк-Лондон. Објавил десетина книги и брошури од областа на новинарството и медиумскиот систем, политичките науки и општественото уредување како и од сферата на методологијата на општествените науки. Раководел и учествувал во спроведувањето на дваесетина истражувачки проекти, а одржал и повеќе предавања за односите со јавноста.

Маја Митрова е родена на 24.11.1979 година во Кавадарци. Дипломирала на Филолошкиот факултет при  Универзитетот “Св. Кирил и Методиј” во Скопје и се стекнала со звањето филолог по општа и компаративна книжевност. Нејзиното хоби е пишување поезија, приказни со илустрации, раскази, текстови и сл.
Досега има објавено песни во списанието СТОЖЕР, ревија за литература, култура и уметност.

Марија Рајковчевска е родена на 17.06.1972 година во Скопје. Дипломирала на Земјоделскиот факултет при Универзитетот “Св. Кирил и Методиј” во Скопје, а во моментов е на постдипломските студии, во групата “генетика и селекција на житни култури. Од 1996 година до денес работи на спроведувањето на повеќе проекти. Марија Рајковчевска е претседател на здружението на приватни советници “Агроменаџер” и член на собранието на Федерацијата на македонските фармери. Во моментов работи како советник за маркетинг, менаџмент и финансиски услуги.

Дарко Шеќеринов е родена на 26.09.1976 година во Скопје. Дипломирал на Земјоделскиот факултет при Универзитетот “Св. Кирил и Методиј” во Скопје на отсекот “градинарство”. Активист на граѓанската организација “Паун” е од 2003 година. Во моментов тој е постдипломец на Агробизнис.