ЕСА Гостивар

Регионален саем “ГО-ЕКСПО 2004”

Агенцијата за поддршка на претпријатијата ЕСА од Гостивар го организира петтиот Регионален саем ГО-ЕКСПО 2004 и третата Економска конференција, во периодот од 07 до 10 октомври 2004 година. Саемот и Економската конференција се одржаа во “Дино центарот” во Гостивар, а истиот свечено го отворија амбасадорот на Швајцарија во РМ, Томас Фуглистер и градоначалникот на општина Гостивар, Џемаил Реџепи.

Регионалниот саем ГО-Експо 2004 кој траеше четири дена, се состоеше од два дела: изложбен дел и Економска конференција одржана во текот на првиот ден, поделена на два дела.Во првиот дел се дискутираше за одредени економски прашања: “Актуелното економско окружување на малите бизниси”, “Институционалната празнина во локалниот економски развој”, “Пристапот кон пазарите на Европската Унија”. Во вториот дел, главно беа презентирани програмските активности на неколку организации и фондации: Македонската развојна фондација за претпријатија (МРФП), Агенцијата за Поддршка на претприемништвото на Р. Македонија, ГТЗ-ПСП (поддршка на приватниот сектор), СИППО- Швајцарска програма за поддршка на извозот, Фонд за мали и средни претпријатија, Еуро инфо коресподентетен центар. Во изложбениот дел се претставуваа фирми од регионот, односно од Гостивар, Тетово, Скопје, меѓутоа имаше претпријатија и од другите градови на Македонија: Виница, Дебар, Прилеп, Струга, Велес, Радовиш. На саемот има­ше вкупно 60 излагачи вклучувајќи и неколку фондации и невладини организации.                                      

Г.Шабани