Одржливост на проекти II

Институционалниот капацитет обезбедува фондови

Економските и финансиските состојби
За одржливоста на проектот се потребни и финансиски средства за да се овоз­можи функционирањето и евентуалните поправки на опремата, платите на анга­жираниот персонал и сл. Доколку овие тро­шоци се несоодветни на еко­ном­­ските услови во местото каде се спро­­ведува проектот, тогаш и одр­жли­вост е ниска.

Проектите треба да се вклопат во кон­тек­стот, во постоечките поли­тички, еко­номски, институционални и кул­туро­лошки услови. Овие надворешни фак­тори често пати се надвор од влија­ни­­ето на развојната интервенција, но мо­жат да ја поддржат или, пак, да ја оневозможат истата.

Обезбедувањето одржливост на проектите е сложена работа и ба­ра многу анализи и проценки, како и добро познавање на состојбите во местото каде се спроведува интервенцијата. Затоа, во зависност од сложеноста на раз­војната интервенција и целите кои треба да сепостигнат, постојат повеќе раз­лични нивоа на одржливост. 

Ниво на целната група
Цел­ната група може да продолжи со продуктите и услугите испорачани со поддршката.

На пример: фармерите ги користат уна­предените начини на одгледување на стоката, претприемачите продол­жиле да го користат начинот на маркетинг на своите производи, водата од изгра­де­ниот водовод се користи од сите жи­­тели и сл.

За да може да се обзбеди ова ниво на одржливост, потребно е да постои интерес на целната група, трошоците за одржување да бидат прилагодени кон економската состојба на целната група, да постои доволен технички финансиски и управувачки капацитет.

Ниво на комерцијална под­дршка на целната група
Организациите кои биле вклучени во испораката на продук­ти и услуги може да продолжат да ги ис­порачуваат истите и по завршу­вањето на проектот.

На пример: можност за подигнување кредити, дистрибуција на сточ­на храна, одржување на водоводот и сл.

Неопходни услови за да се обезбеди ова ниво на одржливост се: интерес на целната група за продуктите и услугите, професионален интерес на организацијата, постоење поволни релации базирани на реални цени прифатливи за целната група, доволен технички, финансиски и управу­вачки капацитет на организацијата за да продолжи со работа.

Ниво на некомерцијална поддршка на целната група
Вклучените орга­низации во проектот може да про­дол­жат со нивните неко­мерцијални услуги за целната група.

На пример, обука за менаџерите, мар­кетинг на производите, совети за упра­вување со системот за водоснабдување и слично.

Неопходните услови се: интерес на целната група за услугите, професионален интерес на организациите кои се вклучени, технички и управувачки капацитет, ефикасен и ефективен систем за  испорачување, комбиниран со финансиски механизам, како што е на пр. пар­тиципација на целната група, супституции од владата и слично).

Ниво на институционален раз­вој
Активностите на одр­жу­вање и про­ши­рување на развојната ин­тервенција продолжуват да се спроведуваат самостојно по за­вршу­вањето на проектот, (идентификацја, формулација, набљудување и оценка).

Неопходни услови се: професионален интерес на вклучената организација, управувачки капацитет за развој на страегии и спроведување, ефикасна и ефективна администрација, ефикасен механизам за финансирање на тро­шоците за администрирање и раководење со поволни (исплатливи) финансиски релации.

 

ПОИМНИК

Институционален развој е создавање или јакнење на мрежа од орга­низации за ефективно создавање, доделување и користење човечки, материјални и финансис­ки ресурси со што се постигнуваат посебни цели врз одржлива основа.

Организациско јакнење се мерки за подобрување на перфор­мансите на една организација односно за подобрување на способноста на организацијата да врши избрани активности стре­мејќи се да ги постигне целите на таа интервенција.

Критериуми за успешна организација се: легитимност, погодност, ефикасност ефективност фле­к­сибилност и одржливост.